Одамна е познато дека во животинскиот свет може да пронајдеме примери кои понекогаш се граничат со невозможното.

Што се однесува до брзината има кандидати кои се во потесна трка. Ви ја претставуваме сахарската, сребрена мравка – Cataglyphis bombycina.

Научниците успеале да ја измерат брзината на движење на најбрзата мравка на светот која живее во Сахара и за една секунда може да премине 85.5 цетиметри или пак 198 должини од своето тело. Не сте импресионирани? Тоа е исто како луѓето да трчаат по 600 км/ч.

Сахарската, сребрена мравка во секунда може да направи 50 чекори. Тоа да го ставиме во перспектива: Усеин Болт прави четири чекори во една секунда.

Харалд Волф, професор на Универзитетот во Улм и неговите колеги, успеале да ја снимаат брзината на тие мравки така што поставиле камера над влезот во нивниот мравјалник во Тиниса.

Нивните кратки чекори ги спречуваат да потонат длабоко во песокот додека преку дините трагаат по угинати инсекти како што се музи, бубачки и пеперутки. Тоа е мудра стратегија во семејството каде што температурата може да достигне и до 60 степени.
Исто така и жештината има улога во нивната брзина…

Извор: Srbija Danas