Научниците и претходно наоѓале остатоци или делови од тела на други животни сочувани во вечниот мраз, како што се волци и мамути, но откритието на една птица е оценето како „непроценливо“, бидејќи овозможува пронаоѓање ДНК и повремено РНК, нуклеински киселини присутни во сите живи организми.

Во неверојатното откритие, руските научници, имено, пронашле древна птица замрзната во вечниот мраз на Сибир, која датира од познатото Ледено доба.

Како што известува списанието Comunications Biology, до откритието дошол тим од локални ловци на фосилна слонова коска во селото Бела Гора во Јакутија, на северот на Русија.

Откритието е проследено до научниците во Центарот за палеогенетички истражувања во Шведска. Николас Дусекс и Лове Дален од Шведскиот природнонаучен историски музеј спровеле радио-карбонско датирање и утврдиле дека птицата живеела во перидот пред 44.000 до 49.000 години.

Во условите на вечен мраз, птицата е совршено сочувана, со се пердуви, нокти, кожа и меки ткива, бидејќи во услови на ниски температури невозможно е да се развијат бактерии, додека истовремено, не е премногу студено за да се оштетат ткивата.

Научниците веруваат дека ова е можеби првата сочувана замрзната птица од Леденото доба, пренесува Sputnik.

Неверојатната сочуваност на птицата е непроценлива за научниците кои ја проучуваат генетиката на древните животни, бидејќи ДНК извадена од нејзиното тело покажала дека станува збор за видот на птица пасерина.

Птицата најверојатно била предок на два вида рогати шеви, кои постојат и денес. Една од нив ја населува денешна Русија, а другата монголските степи.

„Ова откритие навестува дека климатските промени кои се случиле во познатото Ледено доба довеле до формирање на нови подвидови”, рекол Лове Дален.

Следната фаза на истражувањето ќе се однесува на утврдување на редоследот на целиот геном на птицата кој, се надеваат научниците, ќе го осветли нејзиниот однос кон денешните подвидови и ќе ја процени брзината на еволуциските промени на шевата во Евроазија.

“Ова ќе отвори нови можности за проучување на фауната на Леденото доба и разбирање на одговорите на животните на климатските промени во последните 10-50.000 години”, додал Дусекс.

Иако сегашното откритие на птицата од Леденото доба е прво од тој вид, претходно научниците пронашле бројни други дрвени суштествена во вечниот мраз.

Центарот за палеогенетика минатата година истражувал остатоци од куче откриено во вечниот мраз во близина на реката Индигирка во Сибир. Древното куче, кое исто така го проучувале Дален и Дусекс било добро сочувано, иако било старо околу 18.000 години.

Извор: B92.net