Забраната која ја воведе САД во голема мерка ги спречува американските компании да работат со Huawei и ZTE.

И покрај трговските преговори помеѓу двете земји, забраната и натаму е на сила, а за Google тоа значи дека, иако постојат уште ажурирања и услуги на постарите уреди, било кој нов телефон на Huawei нема пристап до неговите услуги.

Тоа е случај веќе со месеци, но сега Google го објави објаснувањето, за кое истакна дека тоа е одговор на постојаните прашања за тој проблем.

За некои корисници, посебно оние надвор од САД и Кина, можеби нема веднаш да биде јасно зошто вообичаениот пакет Google апликации и услуги не е на новите Huawei телефони и сега постои детално официјално објаснување.

Ова, исто така, би можело да послужи и како предупредување за секого кој планира да овозможи заобиколно решение, како LZ Play, кој беше блокиран минатата година.

Правиот директор за Android & Play, Тристан Островски рече дека Google поради забраната не може да ги сертификува новите телефони на Huawei. Како што нагласи, постои ризик од компромитирана сигурност, било на уредите, било на апликациите до кои некој би можел да дојде.