Оваа намирница е одлична за здравјето на цревата, кои се извор на нашиот имунитет, го поттикнува метаболизмот и содржи железо, цинк, селен и витамин Б.

Пченицата е исфрлена од некои диети како што е на пример палео диетата, а не смеат да ја консумираат ни лица кои се чувствителни на глутен.

Но, пченицата е многу застапена во медитеранската исхрана која е позната како многу корисна за здравјето. Пченицата е одлична за здравјето на цревата, кои се извор на нашиот имунитет, го поттикнува метаболизмот и содржи железо, цинк, селен и витамин Б.

Во продолжение, ви претставуваме еден рецепт со кој ќе го зајакнете имунитетот и ќе се заштитите од разни вируси и бактерии:

Потребни состојки:

  • 1 кг. пченица
  • 50 гр. суво грозје
  • 50 гр. ореви
  • 50 гр. лешници
  • 50 гр. бадеми

Начин на подготовка:

  1. Потопете ја пченицата со вода и оставете ја преку ноќ, а следниот дел варете ја на тивок оган најмалку 3 часа.
  2. Полека долевајте вода, но внимавајте да не ставите премногу.
  3. Сомелете ги оревите, лешниците и бадемите.
  4. Пред крајот на варењето додадете ги во житото и варете уште 10 минути.
  5. Вака подготвената смеса изладете ја и чувајте ја во фрижидер.

Консумирајте ја секогаш кога ќе почувствувате глад, со малку мед, цимет или какао во прав. Можете да додадете и мускатно оревче.

Извор: Espresso.rs