Уште пред неколку години, Кина го надмина САД во однос на бројот на продадени телефони годишно, и таа во моментов претставува најголемиот светски пазар. Меѓутоа, минатата година САД го загуби второто место, бидејќи по бројот на продадени телефони ги надмина Индија.

Во текот на 2019 година, во Индија се продадени 158 милиони телефони, од кои дури 72 проценти им припаѓаат на кинеските брендови како што се Xiaomi, Vivo, Realme и Oppo. Меѓу не-кинеските брендови, најдобро котира Apple, пред се поради намалувањето на цените на iPhone XR во оваа држава, како и поради лансирањето на iPhone 11. Во истиот период, продажбата на Samsung телефони во Индија се намалил за пет проценти.

Мора да се каже дека постигнатите резултати од продажба на телефони во Индија не се неочекувани, бидејќи овој пазар од година во година расте се побрзо. Меѓутоа, оваа ротација на горниот дел од табелата би можела да влијае на производителите на телефони во иднина, кои ќе се трудат да дизајнираат модели кои ќе бидат поприфатливи на пазарот во Индија. Затоа, немојте да се изненадите ако во наредните години некои од најголемите светски производители на телефони својот фокус го стават токму на овој пазар.

Извор: PC Press.rs