Голема популарност на видео-игра поврзана со корона вирусот

Видео-игра, која има за цел предизвикување смртоносна пандемија на вируси, стана многу популарна во Кина, во период на епидемија од коронавирусот.

Дури осум години по објавувањето, играта стана најпродавана во Кина.

Некои играчи мислат дека луѓето ја преземаат апликацијата како начин да се справат со стравовите за вирусот.

Стратегиската игра „Plague Inc“ е создадена од ИТ инженери од британската фирма „Ndemic Creations“, а идејата е играчот да предизвикува смртоносна пандемија пред светската научна заедница да најде лек.

Крајната цел на играта се постигнува со „завршувањето на човечката историја“.

Компанијата соопшти дека добиле многу прашања во врска со појавата на коронавирусот и ги упатиле корисниците на веб-страницата на Светската здравствена организација.

Играта е преземена повеќе од 120 милиони пати од 2012 година и беше номинирана за бројни награди.

Еден корисник на кинеската платформа за социјални медиуми „Weibo“ напиша: „Најдобар начин да се победи стравот е да се погледне во лицето на стравот“.