Samsung за последните пет генерации на своите премиум телефони користеше алуминиумски рамки. Меѓутоа, според достапните гласини, Galaxy S20 Ultra ќе користи рамка од нерѓосувачки челик.

Дојавувачот Max Weinbach (@MaxWinebach), кој ни овозможи увид и во првите протечени фотографии за Galaxy S20 Ultra, сега нови детали обелодени на Twitter.

Моментно, единствено Apple користи нерѓосувачки челик на своите iPhone 11 Pro и 11 Pro Max модели. Во теорија, имплементацијата на ваквиот дизајн го намалува гребењето и овозможува вкупно подобра отпорност и издржливост на телефоните.

Од друга страна, челикот е погуст материјал и би можел да претставува проблем за некои корисници, со оглед на тоа дека се очекува дека Galaxy S20 Ultra ќе биде голем уред. Тежината на смартфонот сигурно ќе преминува 200 грама.