Во текот на последните неколку недели, протекоа многу информации за Huawei P40 премиум телефонот, во кои беа вклучени и фотографии од уредот. Сега имаме нов рендер, кој го покажува P40 Pro телефонот во нова минт зелена варијанта, а увидот во фотографијата го обезбеди реномираниот најавувач Еван Блас (@evleaks).

Неодамна, дознавме дека Huawei овој пат планира да претстави три премиум телефони од P серија: P40, P40 Pro и P40 Pro Premium. Еден од главните елементи по кој ќе се разликуваат овие модели е бројот на камери на задниот дел. Премиум моделот ќе има пет, додека Pro варијантата ќе има четири сензори.

Се очекува главната камера да има 52MP 1/1.3″ сензор и 16-in-1 Quad Bayer филтер. Тука е и 40MP “Cine” камера ( 1/1,5″ сензор), 8MP перископ модул со 10x оптички зум и 3D ToF сензор или назначена макро камера.

Huawei P40 линијата на телефони се очекува во март, до кога сигурно ќе имаме повеќе информации за уредите кои пристигнуваат.

Извор: Benchmark.rs