Honor ја претстави новата едиција на својот MagicWatch 2 паметен часовник, во Limited Edition варијанта. Новиот носечки уред има живописни ремени, рамки и теми, а според информациите на компанијата Honor, часовникот е дизајниран од голем број светски графички и уметнички дизајнери.

Досега имаше лимитиран број позадини за Huawei Health апликацијата, но од февруари ќе бидат достапни 85 нови дизајни за преземање. Honor ги избра од 1400 пријавени дизајни во рамките на Honor Global Watch Face Design натпреварот.

Претседателот на Honor, George Zhao истакна дека Honor тежнее кон тоа да биде технолошки бренд кој ги следи модните трендови. „MagicWatch 2 е креиран за целосно да го имплементира храбриот, авантуристички дух на компанијата со линија на исклучителни дизајни, кои му одговараат на секој стил и вкус“, истакна Zhao.

Засега не е познато кога споменатите дизајни за MagicWatch 2 Limited Edition паметниот часовник. Моментно е можно да се купат 46mm и 42mm MagicWatch 2 во Charcoal Black варијанта.