Русија е во процес на развој на новата хиперсонична крстосувачка ракета 3M22 Cirkon, но тој процес секако, не оди без проблеми. Според зборовите на рускиот генерал, таа ракета моментално страда од „детски болести“.

Рускиот адмирал и командант на руската воена морнарица Николај Јевменов во интервју за „РИА Новости“ го опиша развојниот статус на хиперсоничната крстосувачка ракета 3M22 Cirkon како во фаза на „детски болести“.

Јевменов не прецизираше за какви проблеми станува збор и колку тие ќе влијаат на тоа кога ракетата ќе биде ставена во служба на руската морнарица. Единствено што кажа е тоа дека „Циркон“ ќе влезе во служба на руската морнарица во „следните години“.

Инаку, малку работи во врска со ракетата „Циркон“ ѝ се познати на јавноста. Во февруари 2019. година рускиот претседател Владимир Путин изјави дека максималната крстосувачка брзина е девет пати побрза од брзината на звукот, а дометот изнесува илјада километри.

Руските медиуми пренесуваат дека станува збор за хиперсонична ракета која е „јавач на бранови“, што е одлика на дизајнот со кој хиперсоничната ракета ги користи сопствените надзвучни ударни бранови во текот на летот за стабилност.

Извори: Zimo.hr / The Drive