Заинтересираните во Велика Британија наскоро ќе можат да ги испробаат автономните капсули, кои превозот на патници ќе го извршуваат целосно самостојно, без супервизија на возачите.

Тестирањето ќе почне во рамките на Cribbs Causeway шопинг центарот во градот Gloucestershire, а превозот на патници ќе се извршува само на територијата која му припаѓа на трговскиот центар. Проектот го носи името CAPRI, а го осмислија група експерти од различни области, и за цел има ваквите капсули во иднина да се појават и на јавните патишта ширум Велика Британија. Капсулите користат сензори и радари, со помош на кои ги детектираат и ги заобиколуваат пешаците и другите учесници во сообраќајот, а во текот на тестирањето, покрај функционалноста ќе се води сметка и за тоа како јавноста реагира на автономните превозни средства.

Ова не е прв пат овој тип возила да се тестираат на територијата на Велика Британија, со оглед на тоа дека во 2016. година е покренат и GATEway проектот. CAPRI, сепак, претставува прв проект кој во целост ќе се одвива без мешање на човечки возачи, така што најмногу и се приближува на онаа иднина во која возилата ќе се движат целосно самостојно.