Познато е дека компанијата Apple веќе некое време е заинтересирана за медицинска технологија, па Apple Watch е еден од најдобрите примери. Уредот пристигнува до корисниците со повеќе интегрирани алатки за следење на здравствената состојба – од онаа која го следи бројот на отчукувања на срцето до електрокардиограм.

Повеќе пати можеше да се слушне дека Apple Watch ги спасил животите на своите сопственици, а Apple сега сака уште подлабоко да навлезе во областа и да се позанимава со технологијата која би послужила за превенција од болести. Се работи за уреди кои некој здравствен проблем би го детектирале пред да се искомплицира, поточно пред болеста и воопшто да се случи, а спротивно на поголемиот достапен број уред, кои реагираат кога болеста е веќе во поодмината фаза.

Така на пример, опцијата на Apple за следење на отчукувањето на срцето, во одредена мерка би можела да се посматра како превентивна, бидејќи навреме регистрира абнормалност, па на корисникот му остава доволно време да побара медицинска помош.

Новата технологија би можела да понуди уште понапредни алатки, па веќе можеше да се слушне дека Apple работи на неинвазивен начин за мерење на нивоата на шеќер во крвта преку Apple Watch уредите, но новата опција се уште не е официјално потврдена. Останува да се види на кои се начини новите технологии ќе влијаат на подобрувањето на квалитетот на животот и како ќе влијаат на медицинската индустрија која најмногу заработува на болестите, и на состојбите кои не им одат во прилог на пациентите.