Instagram е платформа на која корисниците споделуваат фотографии, но исто така и место кое фотографите и другите креативци го користат како медиум на кој можат да го претстават своето портфолио на потенцијалните клиенти. Меѓутоа, се чини дека наскоро ситуацијата би можела да се закомплицира за некои корисници кои ја користат платформата на тој начин.

Имено, фотографот Тоби Харимен откри дека додека се движел по својот feed на Instagram се појавило предупредување „False Information“. Во прашање била фотографија од човек кој стои на планините со боите на виножитото, кои очигледно биле обработени.

Иако можеме да цениме колу сериозно Facebook и Instagram ја сфаќаат проблематиката на лажни вести во денешно време, уметноста на манипулација на фотографиите не е нова и кога ќе се изведе правилно, може да биде навистина импресивна. Дека алгоритмите на Instagram ги сметаат таквите фотографии како „лажни вести“, не делуваат како многу корисно означување и можат да ги одвратат уметниците од прикажување на својата работа на потенцијалните клиенти.

Facebook оттогаш на ова прашање одговори во изјава која гласи: „Не криеме содржина затоа што е обработена, туку применуваме ознака кога алгоритамот така ќе оцени. По ревидирањето на проверката на факти, променета е ознаката, така што веќе не е означено како лажно на Instagram и Facebook“.

Тоа изгледа како дополнителна работа, но можеби алгоритамот би можел да биде подобро подесен за повеќе да ги разликува уметничките дела и фотографии кои се јасно обработени, само за да испратат погрешна порака.