Google Stadia планира да додаде над 120 игри во текот на 2020. година

Откако Google Stadia е објавен во ноември, сервисот не беше претерано добро прифатен, но не оствари ни неуспех. Се работи за конкурентен производ, кој на гејмерите им овозможува да играат нови наслови со скромни инвестиции во хардверот. Меѓутоа, раните корисници се жалеа на сецкање, слика со ниска резолуција, како и слаб избор на игри. За да ги исправи почетните проблеми на Stadia сервисот, Google објави roadmap за оваа година, ветувајќи над 120 игри.

Во текот на следните месеци, десктоп корисниците ќе имаат можност да стримуваат во 4K (не е познато дали ова се однесува само Stadia Pro претплатниците, кои моментно плаќаат месечен надомест за стриминг во 4K). Во истата временска рамка, оние корисници кои купиле Stadia контролер ќе можат конечно да ја користат својата безжична конекција кога играат преку десктоп верзијата на Chrome. Моментно, гејмпад не работи без USB-C кабел на десктоп.

Кога е во прашање мобилната платформа, Stadia ќе овозможи поддршка за повеќе Android телефони, со оглед на тоа дека од објавата, само Google Pixel телефоните можеа да ја стартуваат апликацијата.

Што се однесува до игрите, Google ветува 10 нови ексклузиви до средината на годината, а подоцна овој месец компанијатѕа ќе ги објави февруарските игри за Stadia Pro претплатничкиот сервис.