Сезонската вакцина против грип, кога ќе се вбризга во ткивото на туморот, делува како имунотерапија и значајно го забавува неговиот развој, покажало најновото истражување во медицината.

Идејата дека клетките на ракот може да бидат уништени со дизајнирани вируси некогаш беше многу популарна во медицината. Планот беше да се модифицираат вирусите на таков начин што тие само ги напаѓаат клетките на ракот. Вирусите за време на нивниот развој често ги уништуваат клетките во кои тие се размножуваат, со цел да продолжат да се шират низ телото, па се претпоставуваше дека модифицираните вируси можат да ги уништат клетките на ракот.

Некои прелиминарни истражувања дале оптимистички резултати бидејќи, како што се наведува, некои големи тумори исчезнуваат речиси целосно.

Сепак, резултатите не биле конзистентни и имало некои компликации. Еден од проблемите е што одбранбениот систем на пациентот реагирал на вирусите и развил имунитет кон нив, така што истата техника може да се користи само еднаш. Покрај тоа, дел од смртта на клетките на туморот се покажало дека се должи на одбранбениот систем, а не на вирусите.

Сепак, бројни студии покажале дека вирусите би можеле да бидат вклучени во борбата против туморите, преку активирање на одбранбениот систем. На пример, некои студии покажале дека инфекциите со вирусот на грип и вакцинациите подоцна го забавуваат почетокот на развојот на туморот.