Fortnite минатата година заработила 1,8 милијарди долари

Веќе втора година по ред Fortnite е видео игра која остварува најголем годишен профит од дигитална продажба.

Минатата година оваа игра остварила заработка од 1.8 милијарди долари, што е за 25 проценти помалку од 2018 година, но сепак доволно за повторно да го добие првото место на листата за најголема заработка.

Главни конкуренти во минатата година за Fortnite беа „FIFA 19„  и „Call of Duty: Modern Warfare“, кои во вкупната продажба (дигитална и физичка) ја престигнаа играта но во онлајн т.е. дигиталната продажба „Фортнајт“ е се уште на врвот на листата.

Fortnite успеа да направи одличен систем во кој играчите ги претвора во потрошувачи, бидејќи козметичките измени во играта кои се доплаќаат станаа статусен симбол за играчите и тие се натпреваруваат чиј виртуелен изглед е подобар а за тоа секако трошат многу пари.