Канадски офицери добија наредба да ловат покемони во базите

Трoјца офицери на канадската војска добија задача да играат Pokemon Go во неколку воени бази ширум земјата откако неколку луѓе, играјќи ја играта, наводно не сакајќи, влегле во забранет простор во потрага по виртуелните суштества.

Натрапниците не биле странски агенти, туку страсни љубители на играта, покрената 2016 година, каде што целта е „да се уловат“ што е можно повеќе покемони. Но, растот на бројот уапсени предизвика загриженост кај војската. Затоа, офицерите од три различни бази ширум земјата ќе ја пребаруваат воената инфраструктура со паметни телефони и таблети, со цел – потрага по таа виртуелна инфраструктура и по ликови од играта.

– Треба да се знае дека базата „Форт Фронтенак” истовремено е и „Поке-џим“ и „Поке-стоп”. Искрено, немам поим за што тука се работи, нагласува мајор Џеф Монаган од базата „Кингстон“.

Во еден од случаите, уапсена е една жена, додека пак, нејзините три деца се искачувале по тенковите во близина. Во друг случај, во базата „Борден“ бил уапсен маж, кој исто така, објаснувал дека „само собирал поени играјќи Pokemon Go.