Ова се најпродаваните видео игри за 2019. година (ВИДЕО)

Nintendo Switch доминираше кога станува збор за продажбата на гејминг хардвер.

И без оглед на тоа што продажбата на видео игрите оваа година опаднала за 12 отсто, најпопуларните наслови успеале да ги постават своите нови рекорди во продажбата.

Според податоците на компанијата за истражување на пазарот NPD group, осум од десет најпродавани наслови биле продолженија на постоечките изданија.

Останатите две се Star Wars Jedi: Fallen Order, во продажба пуштена еден месец пред новиот филм од истоимениот серијал и Anthem, новата игра на авторот Mass Effect и Dragon Age.

Само во текот на првиот викенд на продажбата во октомври, Call of Duty: Modern Warfare искешира 600 милиони американски долари што е најдобар резултат на една игра од тој серијал досега.

И додека Microsoft и Sony работеле на новите верзии на своите конзоли, Nintendo Switch доминирал кога станува збор за продажбата на гејминг хардвер.

Пуштањето на продажбата на моделот Switch Lite во текот на септември ја зголемило продажбата за 40 милиони примероци, па Switch станала една од конзолите со најбрз раст на продажба некогаш.

Листата на 10 најпродавани игри за 2019. година изгледа вака:

10. Anthem (Electronic Arts);

9. Star Wars Jedi: Fallen Order (Electronic Arts)

8. Super Smash Bros. Ultimate (Nintendo)

7. Tom Clancy’s The Division 2 (Ubisoft)

6. Kingdom Hearts 3 (Square Enix)

5. Mortal Kombat 11 (Warner Bros. Interactive)

4. Borderlands 3 (Take 2 Interactive)

3. Madden NFL 20 (Electronic Arts)

2. NBA 2K20 (Take 2 Interactive)

1. Call of Duty: Modern Warfare (Activision)

Извор: Telegraf.rs