GTA VI пристигнува подоцна од што очекувавме?

Може да се заклучи дека играта ќе “почека“ за излегување на пазарот на новите генерации на најпопуларната гејминг конзола Sony PlayStation 5 и Microsoft Xbox Series X.

И покрај тоа што некои гласини сугерираа дека наредната година би можело да се појави најновото, шесто продолжение од култната игра GTA, новите информации го демантираат тоа.

Доколку им веруваме на медиумите кои се занимаваат со објавување податоци за технологијата тогаш GTA VI на полиците од продавниците ќе се најде на есен 2021-та година.

Корисниците на Твитер пред неколку денови објавиле твит со информации дека „Rockstar Games“ планира да ја објави GTA VI во текот на есента 2021-та година.

Според, сè уште непотврдените информации дејството на GTA ќе биде сместено во Јамајка и во Колумбија.

Извор: Telegraf.rs