Научници од Истражувачкиот институт при аквариумот во Монтереј Беј во Калифорнија открија неколку илјади мистериозни отвори на океанското дно.

Потеклото на откриените објекти не е утврден. Најголемите такви дупки се со ширина од 175 метри и длабочина од пет метри. Забележани се вкупно 5.200 вакви вдлабнатини, пишува порталот Phys.org.

Обично ваквите појави се поврзуваат со емисии на метан и се среќаваат во целиот океан. Стручњаците, сепак, во овие дупки не откриле траги од метан, што го прави откритието уште поинтересно.

Претпоставките говорат дека тие настанале скоро како процепи поради морските струи.