Култната игра Angry Birds наполни 10 години (ВИДЕО)

Ако сте меѓу оние кои се борат со прифаќањето на фактот дека помина уште една година, еве нешто поради што ќе е чувствувате уште постари – популарната игра Angry Birds наполни 10 години.

Angry Birds беше првата мобилна игра која ја достигна бројката од една милијарда преземања, првата мобилна игра која се играше во вселената и преземана во најоддалечените места на светот, како што е Антарктикот.

За една прилично едноставна игра – граѓање на глави на прасиња со птици, како и кршење на работи, тоа е навистина феноменален податок.

Играта досега достигна преку 4,5 милијарди преземања и иако игрите со текот на времето станаа помалку интересно, целокупната Angry Birds франшиза не покажа некакви знаци на „забавување“.

Многумина се прашуваат дали е конечно завршена ерата на Angry Birds, но со новите и новите верзии, играчки и дури и филмови, се чини дека франшизата ќе потрае уште прилично долго.

Извор: B92.net