Половина година од најавата, редизајнираниот Mac Pro на Apple наскоро ќе биде достапен за нарачка. Компанијата ги извести заинтересираните купувачи дека работната станица и Pro Display XDR ќе бидат достапни од 10. декември.

Постојат уште многу работи што Apple не ги објави за можните конфигурации и цени на Mac Pro моделите, но и натаму се очекува основниот модел да чини 5999 долари. Системот ќе го сочинува осмојадрен Xeon процесор, 32GB RAM и 256GB SSD, како и Radeon Pro 580X графичка картичка. Цената ќе се зголемува за помоќните конфигурации, а ова посебно се однесува за максималните 1,5 TB DDR4 RAM меморија.

Pro Display XDR ќе има почетна цена од 4999 долари за стандардниот модел и 5999 долари за моделот со нано-текстурно стакло кое го намалува отсјајот. Покрај ова, дополнителниот сталак ќе чини 999 долари. Ова е професионален дисплеј, кој е наменет за корисниците, кој и онака би издвоиле повеќе пари и за референтен монитор во сличен ценовен ранг.