Претходно оваа недела се појавија рендери за Galaxy S10 Lite и Note10 Lite моделите, кои го открија дизајнот на претстојните смартфони. Сега се појавија нови рендери на двата уреда, кои ги прикажуваат предните страни на телефоните.

Смартфоните изгледаат многу слично, а се поради punch-hole отворите за камерата во центар. Меѓутоа, изгледа дека Note10 Lite има нешто помали рамки околу екранот. Заклучените екрани на двата модела го прикажуваат датумот 22. март, што можеби сугерира кога ќе бидет официјализирани следната година (иако постои несогласување, бидејќи 22. март е сабота, а на рендерите е означен како петок).

Покрај ова, забележана е батеријата на Galaxy Note10 Lite моделот, која ќе има капацитет од 4500mAh. Тоа е за 200mAh повеќе отколку што имаат Note10+ и неговата 5G варијанта, а посебно е необично за телефон кој во името ја има ознаката Lite.

Samsung се уште не објави ништо официјално за Note10 Lite и S10 Lite, но сигурно е дека ќе дознаеме уште доста информации за нив во следниот период.