Една од најдобрите работи во врска со бившата Google+ платформа беше токму големата фотографска заедница, па корисниците најмногу споделуваа и коментираа на фотографиите. Иако напорите на компанијата Google на полето на социјалните платформи е работа на минатото, сепак не се откажува од поврзувањето на корисниците во рамките на различните сервиси.

Така и чет опцијата стигна и на Google Photos, па оние коо споделуваат фотографии сега можат да ги додаваат во приватни пораки во рамките на апликацијата или на веб-сајтот. Корисниците ќе можат и да ги лајкуваат фотографиите и видео клиповите, да оставаат коментари и омилените содржини да ги чуваат во своите галерии, што укажува на тоа дека Photos платформата полека се трансформира во вистинска социјална мрежа. Опцијата, како што тврда од компанијата, не е дизајнирана за да ги замени чет сервисите кои обично се користат, но се работи за функција која би требало да го олесни делењето на содржините и комуникацијата во рамките на сервисот.

Фотографиите се добар почеток на секоја комуникација, што го докажа и бројот на лајковите и остварени разговори на Instagram, кој стана едно од главните онлајн места за комуникација, а чет опцијата за Google Photos пристигнува до крајот на следната недела и ветува и овој сервис да го подигне на повисок степен на поврзување.