Изгледот на новиот модел на кинескиот производител Xiaomi, Redmi K30, веќе некое време ја окупира јавноста. Многу информации и фотографии се покажаа како лажни, но новите информации укажуваат на тоа дека нема да чекаме долго пред да ги дознаеме и официјалните детали за телефонот.

Неодамна Лу Веибин, потпретседателот на Xiaomi го објави официјалниот постер на кој се наоѓа Redmi K30 со отвор за две предни камери во горниот десен агол од екранот. На другите фотографии се гледа и задната страна од смартфонот. Иако сликите не се баш јасни, се чини дека нема читач за отпечаток од прст на задната страна.

Претходните шпекулации беа дека телефонот ќе има 6,66 инчен LCD FullHD дисплеј во размер 20:9 и со 120Hz брзина на освежување. Се очекува дека ќе има Snapdragon 730G чипсет во комбинација со 6GB RAM и 64 GB меморија на основниот модел.

Тука е и системот на камери од 64MP главен сензор, 12МP ултраширок и 2MP сензор за длабочина. Селфи камерата има 20MP.

Батеријата e со 4.500 mAh со 27W за брзо полнење, NFC поддршка, IR како и 3,5 мм. приклучок за слушалки, пишува GSM Arena.

Извор: B92.net