NASA планира со следната испорака на залихи до Меѓународната вселенска станица да испорача и нешто што го нарекува „роботски хотел“.

Се работи за простор за складирање на „роботски алатки“, така што всушност се работи за единица за паркирање на роботите кои не се користат. Новиот хотел нуди и заштита од потенцијални опасности, кои не недостасуваат во вселената, вклучувајќи ја радијацијата, микро-метеорите и останатиот вселенски отпад. Првите гости на „хотелот“ ќе бидат два робота, кои се попознати како Robotic External Leak Locators, кои, како што укажува самото име, се задолжени да најдат места каде истекува гориво или некоја друга супстанца, а во минатото биле чувани во внатрешноста на станицата, на која и онака и недостасува простор.

Покрај проблемите со просторот, тука се и другите проблеми кои однесуваат на функционалноста на роботите, па Robotic External Leak Locators роботите бараат прецизни подесувања пред секоја инспекција, а се работи за процес кој трае полни 12 часа. За тоа е задолжена роботската рака Dextre, која сега лесно може да дојде до роботите, за да ги испраќа на задолженија и да ги враќа на местото за мирување.