Samsung го заштити името Bright Night за камера сензорите на Galaxy S11

Протечените информации за Samsung Galaxy S11 серијата продолжуваат да се појавуваат, а најновата пристигнува во вид на пријава за патент кај European Union Intellectual Property Office (EUIPO). Патентот го опишува новиот камера сензор, под името Bright Night кој може да се користи и во телефоните и таблетите.

Ова би можело да биде целосно нов сензор за ноќно фотографирање и снимање видеа, кој ќе дебитира на Galaxy S11 серијата смартфони или можеби се работи за името на големиот сензор за 108MP камера.

Samsung веќе го користеше Bright Night името за ноќниот режим кај S10 и Note10 серијата телефони, но сега функцијата има намера да ја направи и хардверска.

Некои протечени рендери покажуваат дека Galaxy S11 и S11+ ќе имаат вкупно пет камери на задната страна, со главен 108MP сензор и перископ модул со 5x оптички зум. Сите S11 модели би требало да имаат ласерски автофокус, можност за снимање видео до 8К, како и Director’s View, Night Hyperlapse, Single Take Photo и Vertical Panorama режими.