PlayGalaxy е поинаков начин PC насловите да ги играте на Samsung Galaxy (ВИДЕО)

Доколку не сте во можност или се уште не сте подготвени да се фатите во костец со новитетите како што е cloud гејминг – постојат и други опции за играње кои би можеле да ги земете во предвид. Една од нив е PlayGalaxy Link кој е ексклузива за Samsung Galaxy телефоните.

Како Steam Link апликација според која е направен PlayGalaxy – инсталирате клиент програма на Windows PC, потоа апликација на вашиот телефон и кога ќе влезете во играта имате опција да ја префрлите на вашиот уред. Според белешките на ентузијастите од XDA developers forum, веќе можевте ова да го пробате во бета верзијата на уредите Galaxy S10, S10e и S10 Plus, како и S10 5G, а од април официјално е можно и на Note 10 уредот.

Подоцна ќе пристигне на Galaxy Fold, S9, S9+, Note 9 и Galaxy A90, а на почетокот на декември ќе можете апликацијата да ја преземете од продавницата на Samsung.