Steam отстранува илјадници игри од продавницата

Како што периодично темелно ја чистиме куќата за да отстраниме непотребни предмети, така е потребно повремено да се проверат и онлајн сервисите. Valve одлучи тоа да го направи пред новогодишните празници, со тоа што реши да ја оптимизира архивата на Steam.

Судејќи според извештаите, Steam во моментов е во процес на интензивно уредување и „чистење“ на старите игри, кои само го „зафаќаат“ дигиталниот простор во продавницата. Досега, неколку стотици игри се отстранети од сервисот и процесот сè уште трае. Избришани се најевтините инди проекти, од кои многу веројатно се веќе напуштени и заборавени. Тешко беше да се пронајдат информации за ваквите проекти и многу од нив веќе не се ни поддржани од своитеавтори. Воглавно, до моментот кога информацијата беше објавени во јавноста, повеќе од 2.500 игри веќе беа избришани, а динамиката на бришење е таква што секој час исчезнуваат уште стотина игри.

И претходно на Steam имаше отстранување на некои наслови, но тоа беше претежно периоднично и во многу помал обем. Ова детално чистење на онлајн полиците во продавницата веројатно се случи како одговор на долгогодишниот притисок врз Valve да ја подобри модерацијата и критериумите за тоа што е прифатливо да биде објавени на услугата, а што не.