VIA Centaur го претстави новиот процесор базиран на x86 архитектурата со специјален AI копроцесор. Процесорот има 8 компјутерски јадра кои разменуваат податоци преку Ringbus и работат со брзина од 2,5 GHz, а користат вкупно 16MB меморија за кеширање на податоци.

Главниот детаљ за новиот процесор е постоењето на NCORE AI копроцесорот, кој, исто така е сместен во Ringbus магистралата. Со тоа, процесорот е во состојба да ги препознае и пренасочи операциите на AI во NCORE и да ја забрза обработката преку употреба на софтверска оптимизација.

Процесорот интегрира многу способен чипсет со дури 44 PCIe патеки за комуникација. Меморискиот контролер поддржува четириканална конфигурација на DDR4-3200 RAM меморија.

Компјутерските јадра се специфични бидејќи имаат поддршка за напредниот сет на оптимизирани векторски инструкции AVX 512, што воопшто не е застапен во моделите на Intel или AMD. Тоа е напреден сет на инструкции што може да го забрза процесот на развој на вештачка интелигенција и посветено процесирање. AI аспектот на овој напреден процесор се темели на 32768-битна SIMD архитектура, што во голема мерка помага во забрзување на AI процесирањето.