Подготовките за следната генерација на AMD процесорот кои се засноваат на Zen 3 микроархитектурата се во тек. Извори блиски до круговите на производителот тврдат дека работата околу дизајнот е веќе завршена и, според нивните информации, Zen 3 ќе биде еволуција на постојната верзија Zen 2. Сепак, во најновата изјава на висок претставник на AMD се наведува дека Zen 3 ќе се заснова на целосно нова архитектура на ресурси.

Запрашан за процесорите Milan, кои се всушност трета генерација EPYC серверски процесори и колку ќе изнесува IPC забрзувањето во однос на постојните Zen 2 модели, претставникот одговорил дека Zen 3 не е едноставна еволуција како што Zen 2 беше во однос на Zen моделите. Станува збор за комплетно нова архитектура на процесор, така што промената во перформансите ќе биде значително поголема, доволно за целосно исполнување на високите очекувања околу перформансите и брзината на следната генерација Zen процесори.