Проектот на Заха Хадид Архитекти (ZHA) победи на локален натпревар во архитектура за нов железнички терминал во Естонија. На проектот ZHA има работено со локалната фирма Esplan. Тоа е футуристичко и многу привлечно решение за градот Талин. Предвидено е терминалот Ülemiste да биде дел од системот Rail Railica. Планот е оваа електрифицирана железница да се рашири на 870 километри и да ги поврзе Полска, Литванија, Латвија и Естонија.

ZHA вели дека необичниот изглед на проектот се заснова на лесно движење и интеграција на автобуските, трамвајските и железничките линии, а во рамки на проектот е предвиден и пешачки мост.

Проектот се карактеризира со модуларна конструкција, што значи дека може да се гради во фази за да се намали какво било нарушување во областа. Исто така, ќе биде и одржливо до одреден степен, бидејќи има за цел да добие сертификат BREEAM (стандард за градење зграда).

Министерот за економски прашања и инфраструктура во Естонија, Таави Аас, рече дека е убеден дека областа станува една од најатрактивните во однос на инфраструктурата и дека Талин станува вистински мултимодален сообраќаен центар.

ZHA има дизајнирано неколку железнички станици, вклучувајќи ги и завршените „Napoli Afragola“ и „Fornebubanen Metro Line Stations“, кои треба да започнат со изградба во 2020 година.

Датумот на завршување на овој проект сè уште не е познат.

Извор: My Modern Met / Designboom