Законскиот рок за зимска опрема стапува на сцена за неколку дена (15.ноември) така да сега е вистинско време е да се потсетиме колку важни се зимските гуми.

За нив нема алтернатива, така што никакви „гуми за сите сезони“ (All Season) и интегрални погони не можат да ги заменат кога условите за возење се во буквална смисла „зимски“. До толку што во вакви ситуации со „расен теренец“ ќе биде потешко да се управува отколку со „обичен“ автомобил со преден погон, опремен со соодветни зимски гуми.

Сепак, постојат разни зимски гуми, особено ако се земе предвид цената. Се разбира, некои видови се прилагодени за возење по мраз, некои по снег, а други ставаат акцент на редовно влажно / суво време со повремени врнежи.

Во овој тест, конкуренти се Nokian WR Snowproof и Tristar Snowpower 2.

Двата производители велат дека станува збор за снежни гуми, но на почетокот е јасно дека Nokian зазема поагресивен став споредбено со елегантните блокови на гумата од Tristar. Тестирани се гуми во две различни големини, помалите 205/44 R16 и поголемите 245/55 R18 на два модела, VW Golf и VOlvo S90.

Целта на овој тест е да се процени дали вреди да се даде нешто повеќе пари и да се купи, во овој случај, Nokian наспроти нискобуџетната гума од Tristar. Одговорот се чини дека е да, но не е сè така едноставно. Овие две марки се споредливи во тестот за сопирање на мраз, без оглед на автомобилот, но на снег гумите на Nokian на поголемото Volvo покажуваат значително подобри перформанси. Гумите на Tristar не се покажале премногу и во однос на управливоста, затоа што прилепувањето кон подлогата кај Nokian е супериорно, што може да се рефлектира во реалниот сообраќај.

Поевтините гуми на Tristar разочарале дури и при влажни услови, особено при сопирање кога се поставени на моделот на Volvo. На сув асфалт, ситуацијата е приближно рамномерна, но секако не купувате снежни гуми за суво возење. Исто така, треба да се напомене дека разликите меѓу двата производители се помали кога биле тестирани на VW Golf, кој е многу полесен од Volvo S90.

Заклучок? Се разбира, не сите зимски гуми се исти, но исто така, прашањето е колку е рационално да се трошат големи суми на пари на автомобилски гуми во сегментот А, Б и Ц.

Извор: Додај Гас