Повеќе од 60.000 луѓе во САД поради грешка во системот минатата недела добија смс-честитки испратени за Денот на вљубените – Валентајн, но со задоцнување од 8 месеци.

Грешката се случила во мрежата на сите големи оператори ширум Америка, а се работи за мобилните уреди на „Епл“ и „Анроид“.

„Syniverse“, компанијата која пружа услуги на големи телекомуникациски компании, им објаснила дека се случила грешка во „интерниот круг на одржување“. Таа предизвикала бурни реакции на незадоволни корисници на „Твитер“.

Некои се жалат дека пораките испратени до нивните пријатели или партнери, стигнале дури сега, по осум месеци, а на поединци им стигнале честитки од роднини и пријатели кои во меѓувреме починале.

„Штотуку добив порака од бројот на мојот најдобар пријател. Единствениот проблем е што тој човек почина во февруари“ напиша еден корисник на „Твитер“.

„Во три часот утрото ми стигна порака од татко ми во која пишува дека ме сака и дека ме поддржува, но тој не се сеќава ни дека ја испратил“ напишала друга корисничка на Твитер.

Некои корисници објавиле дека добиле пораки стари и до две години. Компанијата „Snyverse“ им се извини на сите корисници кои примиле спорни пораки.