НАСА и ЕСА на Меѓународната вселенска станица снимаат видеa во 8K резолуција.

На астронаутите од Меѓународната вселенска станица минатата година им пристигна Helium 8K камера со која го бележат секојдневниот живот во вселената. Камерата овозможува снимање во резолуција до 8192 x 4320 пиксели.

Првото 8K видео од Станицата кое НАСА го објави прикажува спроведување експерименти како секвенционирање ДНК и РНК, истражување генетски специфичности на билки одгледани во услови на микрогравитација, спроведување разни тестови на ултраниски температури во лабораторија, анализа на крвта и плунката на астронаутите и многу други работи.

Првото 8K видео во вселената го сними астронаутот Рики Арнолд, кој минатата година мина 6 месеци во вселената.