Доколку некој се обиде да ве измами, блокирајте го, а принтскрин може да испратите и на “Вибер“ за да дознаат за спамот и да предупредат за некој друг да не може да биде измамен.

Овие денови ширум светот на мобилната апликација Вибер пристигнува необична порака.

Некои од корисниците добиле порака од сомнително потекло од бројот +79183301602 во која се наведува дека токму вие сте среќен добитник во рамките на “интернационалниот вибер награден фонд“.

Во пораката стои дека наградата изнесува 500.000 американски долари, а за да ги добиете парите потребно е да испратите барање преку меил, а со тоа ќе добиете дополнителни информации, што директно наведува дека на некој ќе му ги оставите вашите лични податоци и меил адреса, а со самото тоа му овозможувате да може да ги злоупотреби.

Како и секогаш, станува збор за уште една интернет имам поради која мора да внимавате, а наш совет е на вакви пораки никогаш да не одговарате и лозинките за пристап до вашата електронска пошта редовно да ги ажурирате. Ваквиот вид пораки воглавно имаат цел да крадат лични податоци.

Извор: Blic.rs