Disney+ пристигнува во Европа кон крајот на март

Disney+ официјално ќе започне со работа на 12 ноември во САД и Канада, додека во Австралија и Нов Зеланд ќе биде достапен една недела подоцна.

Остатокот од светот ќе мора да почека уште некое време. Сега е објавено и кога оваа стриминг услуга ќе стане достапна во некои европски земји. Корисниците во Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Шпанија ќе добијат Disney+ на 31 март 2020 година.

Се очекува многу брзо по тоа услугата да стане достапна и во некои други земји, иако Disney сè уште не ги објави конкретните територии, ниту датуми. Исто така, бројот на достапни содржини ќе варира од држава до држава, поради авторските права. Таквата содржина во тие земји ќе биде достапна дури по истекот на договорите кои се потпишани од други компании за нивно емитување.