Пред неколку недели, Samsung објави дека планира да испорача пет до шест милиони преклопни/флексибилни телефони во текот на следната година, како што ќе расте побарувачката за ваков вид на уреди.

За време на AI Форумот на Samsung во Јужна Кореја, Извршниот директор на компаниата DJ Koh потврди дека јужнокорејскиот гигант значително ќе ја зголеми продажбата на преклопните телефони следната година.

Неодамнешните гласини сугерираа дека Samsung ќе претстави и нов W20 преклопен модел, кој ќе има флексибилен дисплеј. Ваквите модели воглавно беа ексклузивни за кинескиот пазар, а можно е дека со моделот W20, Samsung планира и глобална достапност.

И натаму не дели долго време од масовно производство на тенко, флексибилно стакло, но дотогаш ќе биде интересно да се следи транзицијата кон новите форми на производство.