Red Dead Redemption 2 пристигна на PC, подгответе 150GB на хард диск (ВИДЕО)

Играта Red Dead Redemption 2 од денес е достапна за PC преку Rockstar платформата по цена од 60 до 90 евра во зависност од изданието.

Кога беа објавени спецификациите кои вашиот компјутер треба да ги има за да можете да ја играте новата Red Dead Redemption 2, најголемо внимание привлече податокот дека треба да имате простор од 150 GB на вашиот хард диск.

Од друга страна, многумина беа изненадени од остатокот на минимално препорачани спецификации, каде што како минимум беше наведено дека ќе ви биде потребна nVidia GTX 770, аетот и притоа да задржат достоен фрејмрејт од 60 FPS.

Пред самото пристигнување на играта за PC, откриено е дека ниту најмоќната графичка карта од RTX генерацијата на nVidia, RTX 2080 Ti нема да ви биде доволна за да ја играте Red Dead Redeption 2 во 4К резолуција при 60 FPS.

Оваа вест доаѓа од самата компанија nVidia од каде што наведоа дека гејмерите ќе мора да „жртвуваат“ одредени подесувања, односно намалување на квалитетот на сенки, рефлексии или слично, за да можат да ја играат Red Dead Redepmtion 2 во 4К резолуција при 60 FPS.