Сите верзии на Diablo IV ќе имаат само онлајн опција (ВИДЕО)

Blizzard во текот на својот настан Blizzcon 2019 ја најави најновата игра во рамките на популарната Diablo франшиза – Diablo IV. Во текот на конференцијата, по објавата на насловот, Blizzard објави и дека Diablo IV нема да биде игрив офлајн, а ова важи за сите верзии на играта.

На прашањето дали Diablo IV ќе може да се игра соло, во офлајн режим, главниот дизајнер Angela Del Priore истакна дека играта нема да поддржава офлајн режим. Од друга страна, наведено е дека ништо во Diablo IV не бара тимска работа. Можно е да се игра самостојно, а сите темници (dungeoni) се приватни. Кампањите исто така ќе останат приватни.

Само за споредба, Diablo III имаше офлајн режим за верзијата за конзоли, но PC верзијата на играта беше достапна само онлајн. Константниот онлајн аспект на Diablo IV беше очекуван, бидејќи ова е одлика на најновите игри од Activision-Blizzard соработката.