Култна пукачка игра прогласи американско злосторство како руско

Впечатоците од најновата игра „Call of Duty“, која излезе пред неколку дена, сè уште малку се смируваат. Во меѓувреме, кампањата на играта веќе доби одредени критики за пристрасноста на приказната и за бесрамното лажирање на историјата.

Еден момент во играта се однесува на вистински настан од Заливската војна, познат како „Автопат на смртта“, кога сојузничките сили предводени од САД ја бомбардираа на ирачката армија во повлекување.

Тогаш загинаа најмалку 1.500 луѓе, а според некои извори, во колоната имало бегалци и цивили, не само војници. Настанот е секако контроверзен и за многумина е чисто воено злосторство и прекумерна употреба на сила.

Овој настанот се споменува и во новиот CoD: Modern Warfare, но тука играта ги обвинува Русите за настанот, како што можете да го видите подолу.

Со оглед на тоа дека е веќе познато дека Activision им плаќа на американските производители на оружје за да го внесат во игра, не е невозможно и американската војска да има директно влијание на тоа што може, а што не може да се појави во видео-игрите направени во САД, баш како што постои и одделение за Холивуд.