Coca-Cola го претстави првото шише направено од рециклиран пластичен отпад од океанот, а во продажба се пуштени и 300 шишиња кои содржат 25% рециклирана пластика, кои ги собрале волонтери на 84 плажи во Шпанија и Португалија.

Шишињата се резултат на соработката со компанијата Ioniqa Technologies, која користеше технологија за деполимеризација во рамките на која PET – проѕирната термопластична смола, полимер која припаѓа на групата полиестери, се раздвојува на мономери кои овозможуваат пластиката да се произведува како нова. Според соопштението на Coca-Cola, овој процес на рециклирање би требало да се прошири, и така да овозможи преработка на пластиката, која претходно не била погодна за тоа, а компанијата планира до 2020. година да го зголеми процентот на вака рециклираната пластика во производството на своите шишиња.

Влијанието на овој вид рециклирање треба да се почувствува на глобално ниво, затоа што ќе се намали бројот на пластични производи за еднократна употреба, како и количината на пластика што не може да се рециклира. Така, терминот „пластика за еднократна употреба“ во некој момент би можел да стане вишок, како во работењето на Coca Cola, така и воопшто, и се очекува токму оваа компанија да стане првата, која своите производи ќе ги пакува во амбалажа од рециклиран пластичен отпад.