Стриминг сервисот на Nvidia, GeForce Now пристигна и на Android платформата

Иако можеби се смета за директен конкурент на Google Stadia, GeForce Now се потпира на играње на десктоп компјутер или лаптоп и можноста игрите од вашиот компјутер да ги стримувате на вашиот телефон преку интернет. Како дел од вашата претплата, можете исто така да пренесувате наслови од облакот на библиотеката на Nvidia, која вклучува голем број наслови.

Уште во август беше потврдено дека GeForceNow би можеле да го видиме на Android уредите, а за разлика од Stadia, можете да пристапите до вашата библиотека на игри, дури и кај поврзаните платформи како Epic Games и Steam. Кога стримува од cloud, RTX-серверите на Nvidia ја вршат работата за вас. Ова значи дека вашиот телефон, без оглед на неговиот хардвер, ќе се однесува како врвна гејминг машина. Перформансите во овој случај зависат исклучиво од интернетот.

Би требало уште отсега да можете да ја преземете посебната APK Mirror верзија на апликацијата GeForce Now Android, бидејќи во моментот е достапна само во Кореја. Секој уред што работи со Android 5.0 или понов OS, ќе повеќе ќе може да ја користи оваа услуга и да ужива во игрите од својот компјутер, што навистина звучи фантастично. Она што е важно да се потенцира е дека треба да размислите да набавите џојстик, бидејќи поголем дел од игрите што би сакале потенцијално да ги стримувате од вашиот компјутер на телефон или таблет, се направени за играње на тастатура и џојстик, па останува дискутабилно како би изгледло и дали е воопшто можно да се игра на екранот на смартфонот.

Бидејќи услугата сè уште во бета верзија, не очекувајте сè да работи непреченео. Исто така, треба да имате претходно активирана сметка на GeForce Now на вашиот PC или Mac. Ако сè уште немате, кликнете на следниот ЛИНК и придружете се на останатите на листата на чекање.