Се подготвува претставување на новиот телефон Honor 20 Lite, кој утре официјално ќе биде промовиран во Кина. Смартфонот веќе се појави на TENAA сертификација, а објавени се и неколку фотографии кои укажуваат на градиент дизајнот на телефонот.

Уредот е заведен со број на модел LRA-AL00 и има процесор 2,2GHz, кој најверојатно ова ќе биде Kirin 810 чипсет. Доаѓа во комбинација со 4/6/8 GB RAM меморија и до 256 GB простор за складирање. Екранот е OLED со големина од 6,3-инчи со резолуција од 2400 x 1800p.

Кога станува збор за камерите, има главен сензор од 48MP, секундарен од 8MP и сензор за длабочина од 2 MP. Предната камера е 16MP и сместена е во засек со форма на капка.