Откако ZTE одлучи да почне со продажба на Nubia Red Magic 3S, Xiaomi овој месец ќе го објави во Европа својот врвен гејмерски модел Blackshark 2 Pro.

И двата уреда им нудат на корисниците речиси идентичен хардвер: Snapdragon 855+ чипсет, со до 12GB RAM и 256GB простор за складирање.

Меѓутоа, она што го става моделот на Nubia еден чекор пред Blackshark е екранот со освежување од 90Hz и поголемата батери од 5000 mAh.

Другите разлики се во нијансите (број на камери), што за повеќето мобилни гејмери нема да биде битна ставка при купување.

Nubia повеќе e насочена на самото гејмерско искуство, нудејќи само една камера од 48 MP, додека Blackshark се обидува да ги задоволи потребите како на гејмерите, така и на класичните корисници. Затоа нуди две камери на задниот дел од уредот, со резолуција од 48 и 12MP.

Купувачите во Европа ќе можат да го добијат Blackshark 2 Pro за 599 евра во верзијата 8/128GB, односно 699 евра за 12/256GB моделот.

Уредот е достапен во три бои: Shadow Black, Iceberg Grey и Gulf Blue.