Почнува да заладува, ја менуваме досегашната гардероба за некоја потопла облека, мирисот на есен веќе длабоко загазува во Скопје… Токму така, тоа е тој период од годината! Како и лани, време е да споделиме возбудливи и интересни астрономски знаења. Време е за овогодинешниот ЦИКЛУС ПРЕДАВАЊА НА ПОПУЛАРНИ АСТРОНОМСКИ ТЕМИ!

Почнувајќи од средината на октомври, па се до средината на последниот месец од 2019 година, ќе отвориме интересни прашања, ќе објаснуваме за ѕвездите, планетите, вселенските феномени и други астрономски визии, сите доволно предизвикувачки за добро да ви го заскокоткаат мозокот.

Членовите на Скопско Астрономско Друштво ве повикуваат да ни се придружите еднаш неделно, со почеток од 20:00 часот, во амфитеатарот на ФЕИТ, за заедно да одлетаме и барем малку да го допреме космосот!