За само 24 часа оваа игра ја преземале повеќе од 20 милиони луѓе

Овој октомври очите на фановите на „Call of Duty“ се насочени кон „Modern Warfare“, кој излегува во текот на неколку недели, но тоа не е единствената CoD игра која ја добивме овој месец.

CoD конечно вчера пристигна и на нашите телефони, и според првите реакции на фановите, станува збор за многу забавна игра.

Станува збор за насловот f2p, кој меѓу другото содржи и Battle Royale начин на играње.

Според првите податoци, по 24 часа од излегувањето на играта, неа веќе ја презеле повеќе од 20 милиони луѓе, а досега играчите на неа потрошиле повеќе од два милиони долари во микротрансакции.

Како што кажуваат од компанијата Sensor Tower, која ја прави оваа статистика, најголемиот број на играчи доаѓаат од Индија, дури 14 отсто, што не е ни чудно затоа што во Индија играњето на мобилните телефони е многу популарно, особено во PUBG Mobile кој таму е прави еспорт. На второ место според бројот на играчите се наоѓа САД со 9 отсто.

Играта ги има сите предиспозиции да стане многу популарна, а малку е познато и дека оваа игра ја направила кинескиот гигант Tencent.

Извор: B92.net