Цел месец бесплатно можете да ги играте хит игрите на Electroni Arts (ВИДЕО)

Заштитете ја вашата Origin корисничка сметка и добијте еден месец бесплатна Origin Acces претплата. Следете го ова упатство и уживајте во игрите на Electronic Arts цел месец.

Заштитата на корисничката сметка, како за корисниците, така и за компаниите стана приоритет во денес небезбедниот сајбер свет. Се повеќе корисници се одлучуваат за заштита на корисничката сметка во два чекори (2FA) која при секое пристапување, покрај лозинка бара и посебен код кој се добива преку СМС порака, мејл или гласовен повик.

Оваа опција веќе постои на Origin платформата на Electronic Arts, а сега е одлучено корисниците дополнително да се мотивираат да воведат повисок степен на заштита на своите кориснички сметки.

Од “Electronic Arts” одлучија на секој корисник кој ќе ја активира оваа опција, да му доделат еден месец бесплатна Origin Access Basic претплата. Значи, се што треба да направите е во подесувањата на профилот да изберете “2FA” начин за потврда на идентитетот и ќе добиете еден месец бесплатно играње на хит игрите на Electronic Arts.

Оваа промоција трае до крајот на октомври, а бесплатниот месец на Origin Access Basic започнува од 1-ви ноември.

Ако немате Origin корисничка сметка отворете ја бесплатно, а клиентот за преземањето на игрите и играњето можете да го преземете ТУКА, секако, целосно е бесплатен.

Извор: Mondo.rs