Mario Kart Tour е нов рекордер кај мобилните игри

Нов рекордер се појави меѓу мобилните игри. Се работи за бесплатната игра Mario Kart Tour. Во првите 24 часа по нејзиното појавување во продавниците со апликации, таа е симната од над 20 милиони луѓе.

Дебито на Mario Kart Tour го надмина претходниот рекордер – Super Mario Run, кој беше симнат 7 милиони пати во првиот ден. Сепак, треба да се има предвид дека Super Mario Run беше достапен само за iOS, додека Mario Kart Tour е преземан и за iOS и Android платформите.

Gizchina известува дека приходите од продажбите во играта Mario Kart Tour надминуваат 1 милион американски долари во првите 24 часа. Играта, сепак, не е рекордер по оваа метрика.

На пример, за iOS, тоа е Hero Emblem Heroes, по што следи Super Mario Run.