Трејлер за Microsoft Flight Simulator прикажува како ќе изгледа светот во играта (ВИДЕО)

Уште од најавата на E3 2019, фановите на симулацијата за летање на Microsoft со нетрпение очекуваат некој нов детаљ во играта која ќе се појави наскоро.

Неодамна било споделено кратко видео за “Microsoft Flight Simulator” кое прикажува како ќе изгледа светот во играта, а тука се мисли на терените, градовите, зелените и останатите површини преку кои ќе лета авионот.

Прикажаното видео е всушност само еден дел од серијалот кој ќе се занимава и со другите елементи на играта, а не само многу фотореалистичниот свет. Наредната епизода на серијалот наречен “Discovery” ќе се појави наредниот месец, но моментално не е познато со која тема ќе се занимава.

Светот во Microsoft Flight Simulator навистина изгледа прекрасно и ни се чини дека ќе биде вистинско уживање да се лета со авиони низ светот, изработен со помош на два петабајти податоци.

Microsoft Flight Simulator излегува наредната година за PC и Xbox One.

Извор: B92.net